ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Скандал на концерт на „Колдплеј“: Директор на техно-гигант фатен во прељуба – суспендиран од функцијата

(ВИДЕО) Скандал на концерт на „Колдплеј“: Директор на техно-гигант фатен во прељуба – суспендиран од функцијата
Escape

Енди Бајрон, извршниот директор на американската технолошка компанија „Астроном“, е суспендиран од работа откако бил фатен во афера со својата колешка Кристин Кабот – и тоа јавно, на концертот на „Колдплеј“ во Бостон.

Видеото од моментот, кое стана вирално на социјалните мрежи, покажува како Бајрон ја прегрнува Кабот, а нивната блискост ја забележува фронтменот на бендот, Крис Мартин, кој се пошегува пред илјадници присутни:

„О, погледнете ги овие двајца...“

Двојката била прикажана на големиот екран, по што Бајрон набрзина ги тргнал рацете од Кабот и се обидел да се скрие, додека таа го покрила лицето со дланките. Мартин додал:

„Или имаат афера, или се само многу срамежливи.“

Сцената предизвикала смеа во публиката, но реакциите на интернет беа далеку посериозни. Корисниците го обвинија Бајрон за брачно неверство, бидејќи е во брак со Меган Кериган Бајрон, со која има две деца. Според објавите, и Кристин Кабот е во брак.

Два дена по скандалот, компанијата „Астроном“ излезе со официјално соопштение, во кое најави дека се отвора внатрешна истрага:

„Астроном е посветен на вредностите и културата што нè водат од нашето основање. Од нашите лидери се очекува да постават стандарди и во однесувањето и во одговорноста.“

Компанијата потенцираше дека видеото не ги прикажува другите вработени, освен споменатите двајца, и најави дека одборот на директори спроведува формална истрага, по што ќе следат дополнителни информации.

Во меѓувреме, Пит ДеЏој, коосновач и директор за производи, е именуван за привремен извршен директор на компанијата.

Дополнително, „Астроном“ ја негираше изјавата што наводно ја дал Бајрон, а која кружи по интернет, нагласувајќи дека такви коментари се лажни и дека тој не дал никаква официјална изјава.

Скандалот продолжува да биде жешка тема на социјалните мрежи, каде што мемиња и реакции ги преплавија платформите, а јавноста внимателно ја следи истрагата и потенцијалните последици за двајцата вработени.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo