Руската интерконтинентална ракета Сармат, позната како „Сотона II“, повторно доживеа катастрофален неуспех. Проектилот експлодирал веднаш по полетувањето од базата Јасни во Оренбуршката област, оставајќи огромна огнена топка и чад над полигонот.
Овој инцидент е петти по ред неуспешен тест на ракетата, која Москва ја промовира како симбол на својата нуклеарна надмоќ. Според снимките објавени на платформата Икс, проектилот излетал само неколку десетици метри, потоа скршнал од траекторијата и се урнал.
Претходниот тест во септември 2024 година завршил со експлозија на космодромот Плесецк, создавајќи кратер со дијаметар од неколку десетици метри.
И покрај серијата катастрофи, рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Сармат ќе биде ставен на борбена дежурност во текот на 2026 година. Ракетата е 35 метри долга, со дострел од 18.000 километри и тежина од над 200 тони, и може да носи повеќекратни нуклеарни боеви глави.
Експертите од Украина и Запад потврдуваат дека снимките од последниот неуспешен тест навистина се однесуваат на Сармат, исклучувајќи ја старaта SS-18 „Сотона I“.
– Мислам дека старата ракета е исклучена, бидејќи не е тестирана од 2013 година – изјави истражувачот Павел Подвиг за британскиот „Телеграф“.

















