ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Голема катастрофа - се урна балкон!

(ВИДЕО) Голема катастрофа - се урна балкон!
Kristal

Во грчкиот град Лаврио, вчера попладне се случила шокантна сцена која ја вознемири јавноста – балкон од двокатна зграда се срушил и за влакно не усмртил жена која минувала по тротоарот.

Случајот се одиграл околу 15 часот, во центарот на градот, пред позната аптека која се наоѓа на приземјето на зградата. Сцената е забележана од безбедносните камери, а снимката покажува колку блиску до трагедија била оваа жена.

Сè започнало кога дел од парапетот на горниот дел од зградата се одвоил и паднал врз балконот, кој поради тежината попуштил и се срушил директно на улицата. Во истиот момент, жена чекорела по тротоарот, не знаејќи што се случува над неа.

Живот спасен во последна секунда

На видеото јасно се гледа дека бетон и шут паднале од висина од околу два метри, само неколку сантиметри од жената. Таа успеала рефлексно да скокне наназад и да избегне директен удар, иако доживеала полесни повреди.

Минувачи веднаш притрчале да ѝ помогнат и ја извлекле од опасната зона, додека четири паркирани возила во близина биле тешко оштетени од урнатиот бетон.

На местото на настанот брзо пристигнале противпожарни екипи, кои ја обезбедиле областа и извршиле увид. Според официјалните информации, нема сериозно повредени, но материјалната штета е значителна.

ВИДЕО

Escape