ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СТРАВОТ ОД НОВ ЧЕРНОБИЛ ГО ЗДРМА СВЕТОТ!

(ВИДЕО) СТРАВОТ ОД НОВ ЧЕРНОБИЛ ГО ЗДРМА СВЕТОТ!
Kristal

Јапонија ја потресе силен земјотрес со јачина од 7,5 степени, потсетувајќи на трагичните настани од 2011 година, кога цунамито предизвика топење во нуклеарната централа Фукушима – најголемата нуклеарна несреќа по Чернобил.

Епицентарот бил на 80 километри од брегот на префектурата Аомори, на длабочина од 54 километри. Во градот Хачинохе тресењето достигнало „горна шестка“ според јапонската скала, доволно силно за луѓето да не можат да стојат, туку да лазат кон излезите.

– Во моментов имаме потврда за триесетина повредени и еден пожар – изјави премиерката Санае Такаичи. Таа додаде дека повеќе од 90 илјади луѓе биле евакуирани, но најголем дел веќе се враќаат дома.

Метеоролозите предупредуваат дека можни се слични потреси во наредните денови. Иако претходно се издаде предупредување за цунами до 3 метри, измерените бранови биле значително помали – од 20 до 70 сантиметри во неколку пристаништа.

Железничката компанија „Ист Јапан Рејлуеј“ привремено ја запрела работата на неколку линии, а другите имале доцнења поради безбедносни проверки. Сите нуклеарни централи продолжуваат со нормална работа, а електричната енергија, која била прекината во илјадници домаќинства, е повторно воспоставена.

По потресот, јенот накратко ослабе во однос на доларот и еврото, но пазарите се стабилизираа до пладне.

Јапонија е дел од т.н. „огнен прстен“ околу Пацификот, каде земјотреси со јачина над 6,0 по Рихтер се регистрираат речиси секоја недела.

ВИДЕО

FixCredit
Atensa 300
Escape