ПРВ.мк
Свет

Страшна несреќа: 42 мигранти се водат за исчезнати - ова се деталите!

Страшна несреќа: 42 мигранти се водат за исчезнати - ова се деталите!
Kristal

Најмалку 42 мигранти се водат за исчезнати и се стравува дека се удавиле, откако гумен чамец се превртел во близина на либиското крајбрежје, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Според информациите, седум лица биле спасени по шест дена лутање по морето, откако чамецот со 49 мигранти потонал во близина на нафтното поле Ал Бури, северозападно од Либија.

Патниците потекнувале од Судан, Нигерија, Камерун и Сомалија.

Либија, по падот на режимот на Моамер Гадафи во 2011 година, стана главна транзитна точка за мигранти кои се обидуваат преку Средоземното Море да стигнат до Европа.

Само оваа година, повеќе од 1.000 мигранти ги загубиле животите во централниот дел на Средоземното Море, а оваа несреќа дополнително ја зголеми бројката, соопшти ИОМ.

Организацијата потсети и на серија слични трагедии во последните недели – кај Сурман, Лампедуза и западно од Триполи, каде што во октомври беа пронајдени телата на 61 мигрант.

Escape