ПРВ.мк
Свет

Силен земјотрес од 5,7 степени го погоди регионот – еве каде е епицентарот!

Силен земјотрес од 5,7 степени го погоди регионот – еве каде е епицентарот!
Kristal

Денеска околу 10:30 часот по локално време, Кипар беше погоден од земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во близина на градот Пафос, на длабочина од околу 17 километри.

Сведоци јавуваат дека земјотресот предизвикал одрони во областа околу селото Полеми, каде што бил почувствуван најсилно. Мештаните опишуваат како „карпи и камења се стркалаа низ ридот“, додека граѓаните во паника излегле на улиците.

Силното тресење било почувствувано и во Лимасол, каде што се нишале лустери, а мебелот вибрирал. По првиот удар следеле и неколку помали потреси, од кои најсилниот имал јачина од 4,7 степени.

Кипар се наоѓа во сеизмички активен регион, а последниот посилен земјотрес со јачина од 6,8 степени се случил во 1996 година, кога загинаа неколку лица.

Escape