ПРВ.мк
Свет

Русија подготвува шок-напад: 2.000 дронови во еден миг – германски генерал алармира

Русија подготвува шок-напад: 2.000 дронови во еден миг – германски генерал алармира
Escape

Германскиот генерал-мајор Кристијан Фројдинг, во подкастот на Бундесверот „Нахгефрагт“, издаде сериозно предупредување: Русија планира да лансира до 2.000 беспилотни летала одеднаш во Украина. Според него, Москва значително го зголемува производството на дронови за да подготви масовен и координиран напад кој би можел да ги преоптовари украинските системи за воздушна одбрана.

Фројдинг предупредува дека традиционалната одбрана, особено користењето на скапи ракети од системот „Патриот“, не е економски одржлива во справувањето со дронови од типот „Шахед“, чии трошоци се далеку пониски – од 30.000 до 50.000 евра, во споредба со ракетите кои чинат над 5 милиони евра парче.

Тој нагласува дека Украина итно мора да развие и добие ефтини, но ефикасни системи за пресретнување на дронови, со цена меѓу 2.000 и 4.000 евра по единица, за да може да се справи со евентуален напад од огромни размери.

Дополнително, Фројдинг ја посочува важноста на нападите внатре на руска територија – врз воени авиони, аеродроми и фабрики за воена опрема – како дел од стратегијата за одбрана од дронската закана.

Загрижува и уште една информација што ја обелодени генералот: Кина целосно ја прекинала испораката на компоненти за дронови кон Украина, додека во исто време извезува исклучиво во Русија. Тој предупредува дека оваа динамика дополнително ја влошува позицијата на Украина, која веќе се соочува со сериозни предизвици на фронтот.

Фројдинг заклучува дека војната влегува во нова фаза каде масовните, евтини и прецизни беспилотни летала можат да станат клучно оружје, а одговорот на Западот мора да биде иновативен, ефикасен и брз.

Mia Home Mavrovo