ПРВ.мк
Свет

Радикален пресврт – пушењето целосно забрането на работа, следат и откази

Радикален пресврт – пушењето целосно забрането на работа, следат и откази
Escape

Од 5 јули, Полска воведе строга забрана за пушење на сите видови цигари – вклучувајќи и електронски и безникотински – на работното место. Секое прекршување се казнува со 500 злоти (околу 7.000 денари), а вработените може да добијат дисциплинска мерка или дури и отказ.

Пушењето е дозволено само ако работодавачот обезбеди посебна затворена просторија. Новите прописи забрануваат и продажба на електронски цигари на малолетници, рекламирање, и од 2026 – и онлајн продажба. Производите без никотин ќе мора да носат предупредување за штетност, а количината на никотин е ограничена на 20 mg/g.

Со оваа регулатива, Полска испраќа јасна порака дека нема компромис кога станува збор за јавното здравје и безбедноста на работното место.

Mia Home Mavrovo