ПРВ.мк
Свет

„ПЛАТЕТЕ ОТКУП ИЛИ ЌЕ ВИ ГО ЗЕМЕМЕ БУБРЕГОТ“: Шокантни сведоштва за киднапирани мигранти и хорор низ пустините на Либија!

„ПЛАТЕТЕ ОТКУП ИЛИ ЌЕ ВИ ГО ЗЕМЕМЕ БУБРЕГОТ“: Шокантни сведоштва за киднапирани мигранти и хорор низ пустините на Либија!

Повеќе од 300 мигранти кои минатото лето тргнале кон Велика Британија се соочиле со страшен хорор откако биле киднапирани во Либија, каде што биле држени во заробеништво, мачени и изложени на закани за присилно вадење органи, открива истрага на Би-Би-Си.

Сите жртви, според наводите, потекнуваат од Ирачки Курдистан и биле дел од групи кои се обидувале да стигнат до Европа преку опасни мигрантски рути. Наместо пат кон подобар живот, тие завршиле во рацете на вооружена милиција која, според сведоштвата, барала откуп од околу 5.000 долари по човек.

На семејствата им било испраќано јасно предупредување: ако парите не бидат платени навреме, заложниците би можеле да останат без бубрег. Заканите биле придружени со вознемирувачки фотографии и видеа, во кои дел од мигрантите биле прикажани во екстремно тешки услови, со цел да се изврши притисок врз нивните најблиски.

Според истрагата, мигрантите биле сместувани во затворени и преполни објекти, каде што условите биле крајно нехумани. Дел од сведоштвата опишуваат дека во една просторија биле притворени десетици луѓе, кои спиеле седејќи поради недостиг на простор, додека пристапот до храна и вода бил ограничен и зависел од дополнителни плаќања.

Еден од киднапираните, 16-годишник, опишал дека поминал месеци без да види сонце, додека други сведочат за физичко малтретирање, горење и постојан страв од најлошото. Во одделни случаи, семејствата добивале фотографии со лузни за кои се сомнева дека може да се последица на медицински интервенции, иако тоа не може со сигурност да се потврди.

Истрагата открива и дека дел од жртвите биле вратени дома со организирани летови, но многу семејства остануваат во неизвесност, не знаејќи што точно им се случило на нивните најблиски.

Стручњаци и претставници на меѓународни организации предупредуваат дека киднапирањата за откуп на мигранти низ Либија не се изолиран случај, туку дел од поширока криминална мрежа која ја користи нестабилната состојба во земјата. И покрај опасностите, мигрантските рути од регионот кон Европа и понатаму остануваат активни.

Најнови вести