Украинските сили извршија напад врз 448. руска ракетна бригада во Курската област, како одговор на ракетниот напад врз градот Суми на 13 април, при што загинаа 35 лица, а 129 беа повредени.
Според соопштението на Генералштабот на Украинските вооружени сили, објавено на „Фејсбук“, цел на нападот биле повеќе објекти во руската Курска област, пренесува „Укринформ“.
Руската војска, како што се наведува, на 13 април го нападнала центарот на Суми со ракети, што резултираше со голем број цивилни жртви.
Украинскиот министер за здравство Виктор Лјашко информираше дека 11 повредени, меѓу кои и тројца деца, се наоѓаат во тешка здравствена состојба.