ПРВ.мк
Свет

Корупциски скандал: Откриени имињата на сите осомничени во афера тешка 100 милиони долари!

Корупциски скандал: Откриени имињата на сите осомничени во афера тешка 100 милиони долари!
Kristal

Во најчувствителниот момент за земјата, додека војната сè уште беснее, Украина повторно е потресена – овојпат не од експлозии, туку од корупциски земјотрес вреден 100 милиони долари. Истрагата што ја спроведува Националното биро за борба против корупција (НАБУ) открила длабоко вкоренета шема за рекет и перење пари во државната нуклеарна компанија „Енергоатом“, во која се вмешани влијателни личности од врвот на украинската енергетика.

Според истражувачкиот проект „Шеми“, обвиненијата ги добиле повеќе високи функционери, меѓу кои Тимур Миндич, поранешен советник во Министерството за енергетика Ихор Мирониук, Дмитро Басов – директор за безбедност во „Енергоатом“, како и Олександр Цукерман, **Ихор Фурсенко („Рошик“) **, Лесја Устименко и Људмила Зорина.

Петмина од нив веќе се уапсени, додека двајца – Миндич и Цукерман – успеале да ја напуштат Украина пред налозите за притвор.

Истрагата на НАБУ покажала дека од „Енергоатом“ биле испрани десетици милиони долари, а фирмите кои сакале да соработуваат со државниот гигант морале да платат мито од 10 до 15 проценти за да останат во игра. Во спротивно, биле избришани од списокот на добавувачи и целосно исклучени од пазарот.

Како главен организатор на оваа корупциска мрежа се споменува Тимур Миндич, добро познат во украинската јавност како поранешен соработник и пријател на претседателот Володимир Зеленски и ко-сопственик на популарната ТВ продукција „Квартал 95“.

Според документите од обвинителството, Миндич имал директно влијание врз поранешниот министер за енергетика Херман Халушченко и поранешниот министер за одбрана Рустем Умјеров, што дополнително ја продлабочува тежината на случајот.

Интересен детал што ја шокира јавноста е тоа што Миндич ја напуштил Украина само неколку часа пред да започне претресот на НАБУ, што предизвика лавина реакции и сомнежи дека некој од внатре го предупредил.

Украина, која моментално се бори не само на фронтот, туку и за своето место во Европската Унија, сега е под уште поголем притисок да покаже дека може да се справи со корупцијата во највисоките редови. Оваа афера е потсетник дека борбата за правда и транспарентност е исто толку тешка колку и секоја војна.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK