На традиционалниот фестивал Рајнкирмис во Дизелдорф, атмосферата се претвори во хаос кога еден огномет експлодираше во публиката, повредувајќи најмалку 19 лица, меѓу кои и едно дете.
Четири од повредените се со сериозни изгореници, а инцидентот се случи синоќа кога една пиротехничка ракета скршна од патеката и експлодираше ниско над земја, веројатно поради превртување на лансирната рампа која ја насочила ракетата директно кон толпата.
Организаторите го нарекоа овој инцидент шокантен и најавија дека ќе разгледаат дали огнометот ќе остане дел од фестивалската програма во иднина.
Во моментот на експлозијата на местото веќе беа присутни пожарникари, екипи на итна помош и полиција кои веднаш интервенираа и помогнаа во евакуацијата и пружањето помош на повредените.
Фестивалот беше брзо затворен, а полицијата започна истрага за причините за несреќата, вклучувајќи ги и безбедносните протоколи и условите под кои се монтирале пиротехничките средства.
Очекувањата се дека ќе се анализира дали несреќата можеше да се спречи, додека јавноста останува шокирана од немилиот настан.