ПРВ.мк

Хамас го одби предлогот на Израел за прекин на огнот

Хамас го одби предлогот на Израел за прекин на огнот
Jumbo Banner

Хамас го одби предлогот на Израел за шестнеделен прекин на огнот во Газа, во кој се бараше разоружување на групата, јави Би-Би-Си.

Според палестински функционер запознаен со преговорите, понудата не вклучувала обврска за прекин на војната или повлекување на израелските сили – услови што Хамас ги смета за клучни во замена за ослободување на дел од заложниците.

Во меѓувреме, Израел ја продолжува офанзивата. Еден чувар загина, а деветмина беа повредени при воздушен напад врз теренска болница во Кан Јунис. Израелската армија сè уште не го коментирала инцидентот.

ОН предупреди дека хуманитарната состојба во Газа е најлоша од почетокот на конфликтот. Израел шест недели не дозволува влез на резерви – најдолг прекин досега – додека ОН ги отфрлаат тврдењата дека има доволно храна, предупредувајќи дека блокадата може да претставува прекршување на меѓународното хуманитарно право.

Израелскиот премиер вели дека притисокот има за цел да го натера Хамас на ново примирје и ослободување на заложниците. ОН пак посочуваат на растечко насилство, масовни жртви и уништување на инфраструктура клучна за преживување.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран