Исланд повторно ја разгледува можноста за членство во Европската Унија. Министерката за надворешни работи изјави дека расте поддршката кај граѓаните за обновување на преговорите со Брисел. Овој став се засилува во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Иако преговорите беа започнати во 2009 година и паузирани во 2013-та, земјата останува усогласена со голем дел од европското законодавство. Новите геополитички околности, како и заканите на Доналд Трамп за Гренланд, влијаеле врз повторната желба на Исланд да се врати на европскиот курс.
Анкетите од крајот на 2024 година покажуваат дека повеќе од половина од Исланѓаните би поддржале референдум за членство, а сè поголем број ја прифаќаат и идејата за усвојување на еврото.
Иако не сите партии во владејачката коалиција се согласуваат околу членството, договорено е до 2027 година да се одржи референдум. Исланд е повторно на крстопат – дали ќе се приклучи кон европското семејство или ќе остане неутрален набљудувач.