ПРВ.мк
Свет

Зимска сезона во опасност: Австрија моли за работници со 2.200 евра плата и сместување!

Зимска сезона во опасност: Австрија моли за работници со 2.200 евра плата и сместување!
Kristal

Австриските алпски центри се подготвуваат за старт на зимската сезона, но хотелите и рестораните се соочуваат со голем проблем: нема доволно работници, иако условите се подобри од кога било. Се нуди месечна плата од најмалку 2.200 евра бруто, како и бесплатно сместување и храна, но интересот и понатаму е многу низок.

Угостителскиот сектор во Австрија веќе неколку години се бори со недостиг на кадар, а ситуацијата се влоши по пандемијата – многумина кои работеа како келнери преминаа во други професии со помалку стрес и подобра стабилност.

Хотелиерите во Тирол велат дека се приморани да бараат персонал од странство преку австриската служба за вработување. Отворени се работни позиции за периодот од 18 декември 2025 до 6 април 2026 година, а барањата се релативно едноставни: основно познавање германски јазик, културен однос кон гостите и претходно искуство во угостителство.

И покрај тоа што платата може да биде и повисока од стартната, а сместувањето и храната се целосно покриени, апликациите што пристигнуваат се малку и најчесто не ги исполнуваат условите. Досега најмногу се пријавиле кандидати од Мароко, но дел од апликациите се некомплетни, па подготовките за зимската сезона стануваат сè посериозен предизвик за хотелите во Алпите.

Австрија стравува дека овој недостиг на работна сила може да влијае врз квалитетот на туристичката услуга – токму во период кога земјата очекува најголем број зимски гости во последната декада.

Escape