ПРВ.мк
Свет

Австралија го засилува отпорот на Украина со тенкови!

Австралија го засилува отпорот на Украина со тенкови!
Escape

Австралија ѝ испорача тенкови „Абрамс“ на Украина како дел од голема помош за одбрана од Русија. Вкупната вредност на пакетот изнесува 245 милиони австралиски долари (над 137 милиони евра).

Украина веќе ги доби повеќето од вкупно 49 тенкови обезбедени од Австралија, а останатите ќе бидат испорачани во наредните месеци, соопшти министерот за одбрана Ричард Марлес.

Тенковите „М1А1 Абрамс“ се очекува да имаат значајна улога во одбраната на Украина од нелегалната руска инвазија.

Оваа испорака е дел од помошта од 1,5 милијарди австралиски долари што Канбера ја обезбедува за Украина од почетокот на конфликтот.

Покрај тоа, Австралија воведе санкции кон околу 1.000 руски лица и фирми, како и забрана за извоз на алуминиумски суровини во Русија.

Левоцентристичката лабуристичка влада ја означи Русија како агресор и повика на решавање на конфликтот според условите на Киев.

Mia Home Mavrovo