ПРВ.мк
Свет

Италијанската паста станува луксуз во Америка - новите царини ќе ја направат недостижна за многумина -ова се деталите

Италијанската паста станува луксуз во Америка - новите царини ќе ја направат недостижна за многумина -ова се деталите
Kristal

Љубителите на италијанската паста во САД наскоро би можеле да се соочат со драстично поскапување, откако Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага против неколку водечки италијански производители на тестенини.

Според предлогот, цената на увозната паста би можела да се зголеми за 107 проценти, што значи дека чинијата тестенини би можела да стане двојно поскапа за американските потрошувачи.

Истражувањето започна по жалби од американски компании, кои тврдат дека италијанските производители ги продаваат своите производи по вештачки ниски цени, со цел да ја потиснат домашната конкуренција.

Од италијанска страна, реакциите се остри. Компаниите предупредуваат дека ваквата царина е несоодветна и политички мотивирана, а според Маргерита Мастромауро од здружението „Унионе Италијана Фуд“, високите давачки би можеле целосно да го ограничат пристапот на италијанската паста до американскиот пазар.

Земјоделската организација „Колдирети“ истакнува дека доколку царината биде усвоена, тоа ќе значи удар за италијанската економија и за извозниот сектор, но и двојно повисоки цени за американските семејства кои се навикнати на традиционалниот вкус на италијанската кујна.

Конечните резултати од истрагата се очекуваат до 2 јануари 2026 година, кога ќе биде познато дали италијанските тестенини навистина ќе станат луксузен производ на американските полици.

Escape