ПРВ.мк
Свет

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се повлекува популарно сирење, откриена опасна бактерија

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се повлекува популарно сирење, откриена опасна бактерија

Надлежните институции издадоа итно предупредување до потрошувачите и наредија повлекување на одредени серии сирења од брендот „Ile de France“, откако во производите биле откриени ентеротоксини произведени од бактеријата Staphylococcus aureus.

Од пазарот се повлекуваат производите „Ile de France Petit Brie“ од 125 грама со ознака LOT S26097F3P3 и рок на употреба до 6 јуни 2027 година, како и „Ile de France Petit Camembert“ од 125 грама со ознаки LOT S26100F5P1 и LOT S26100F5P2, со рок на употреба до 9 јуни 2027 година.

Според инспекциските служби, овие производи не ги исполнуваат безбедносните стандарди пропишани со европските регулативи за храна.

Ентеротоксините кои ги создава бактеријата Staphylococcus aureus можат да предизвикаат труење со храна, проследено со симптоми како гадење, повраќање, стомачни болки и дијареја.

Поради тоа, потрошувачите кои веќе ги купиле наведените производи се повикуваат да не ги консумираат. Наместо тоа, сирењата треба да се вратат на местото на купување, каде ќе бидат преземени согласно процедурите на продавачите и увозниците.

Надлежните институции продолжуваат со мониторинг и контроли со цел да се обезбеди безбедност на храната и заштита на здравјето на потрошувачите.