ПРВ.мк
Свет

Американска воена база на чекор од Газа – дали започнува нова ера на конфликтот?

Американска воена база на чекор од Газа – дали започнува нова ера на конфликтот?
Kristal

Американската војска, според информации на агенцијата Блумберг, размислува за изградба на привремена воена база во близина на Појасот Газа, која би можела да прими до 10.000 војници. Целта на оваа база би била создавање на меѓународни сили што ќе го надгледуваат примирјето меѓу Израел и Хамас.

Според документите на американската морнарица, кои биле испратени до избрани изведувачи, се бара проценка на трошоците за изградба на „самоодржлива база со капацитет за 10.000 лица и 10.000 квадратни метри канцелариски простор“, која би функционирала најмалку 12 месеци.

Неименуван американски функционер открил дека ова претставува рана фаза на планирање, а базата би била лоцирана во јужен Израел, со цел поддршка на меѓународните стабилизациски сили.

Во документот, испратен на 31 октомври, како потенцијална локација е наведено подрачје „во близина на Газа, Израел“, додека крајниот рок за доставување одговори бил 3 ноември.

Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, изјави дека документот не е официјално одобрен, нарекувајќи го „внатрешен предлог на воени службеници“, додека портпаролот на израелската војска, потполковник Надав Шошани, изјави дека нема конкретни информации за проектот, но потврди дека Израел и САД заеднички ја разгледуваат иднината на Газа.

Планот предвидува изведувачот да обезбеди целосна инфраструктура – исхрана, вода, електрична енергија, управување со отпад, комуникациска мрежа и медицинска поддршка.

Овој потег доаѓа во време кога Вашингтон се обидува да собере меѓународна поддршка за создавање стабилизациски сили во Газа, кои би го следеле примирјето постигнато минатиот месец.

Планираната сила, наречена „Меѓународни сили за стабилизација (ISF)“, ќе делува во координација со Израел и Египет, со задача да го обезбеди регионот и да помогне во реконструкцијата по повеќегодишниот конфликт.

Од потпишувањето на примирјето – чиј посредник беше поранешниот американски претседател Доналд Трамп – САД веќе распоредија команден центар со околу 200 американски и меѓународни војници во регионот, што дополнително го поттикна интересот за создавање на оваа потенцијално најголема база на американската војска во близина на Газа.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK