ПРВ.мк
Свет

Балканска мистерија: кого всушност штити Подгорица - Ова се деталите

Балканска мистерија: кого всушност штити Подгорица - Ова се деталите
Kristal

На прв поглед, сè изгледало како обична улична кавга — еден повреден млад човек, неколку странци, заматени сведоштва. Но од таа искра се разгоре нешто многу поголемо. Од 30 октомври, Турците повеќе не можат слободно да влегуваат во Црна Гора. Владата во Подгорица ненадејно ја укина безвизната политика и воведе строги правила, поттикната од јавен гнев и протести што експлодираа за само неколку дена.

Сè започнало со тепачка во центарот на Подгорица. Гласините брзо се прошириле – виновни биле „Турци“. Само неколку часа подоцна, улиците зовреле: навреди, транспаренти, повици на омраза. Но вистината излезе на виделина — тројца од осомничените биле Азербејџанци, а само еден Турчин. И покрај тоа, јавниот притисок бил преголем.

Премиерот Милојко Спаиќ реагирал експресно: визи за сите турски државјани. Одлука што многумина ја нарекоа симболична капитулација пред улицата.

Додека полицијата апсеше поединци за говор на омраза и физички напади, економистите предупредуваа дека последиците ќе бидат големи. Турските инвеститори поседуваат 14.500 компании во Црна Гора и вложиле над 92 милиони евра. Само еден ден по воведувањето на визите, бројот на пристигнувања од Турција падна за повеќе од две третини.

Иронично, мнозинството осомничени за инцидентот што ја запали оваа политичка бура воопшто не биле Турци. Но прашањето што останува да лебди е — дали ова беше одлука од страв, или добро пресметан потег зад кој стои нешто многу подлабоко?

Escape