ПРВ.мк
Свет

Сибиха алармира: Путин ја загрозува слободата на пловидба во Црно Море!

Сибиха алармира: Путин ја загрозува слободата на пловидба во Црно Море!
Kristal

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, изјави дека последните коментари на рускиот претседател Владимир Путин покажуваат дека Русија ја загрозува слободната пловидба во Црно Море и дека не е подготвена да стави крај на војната против Украина.

– Втор ден по ред, Путин дава изјави што покажуваат дека нема планови да ја заврши војната. Вчера рече дека е подготвен да се бори и во зима. Денеска се заканува на морските пристаништа и слободата на пловидба, објави Сибиха на платформата Икс.

Претходно, Путин изјави дека Москва не сака војна со европските земји, но дека, доколку Европа посака конфликт, Русија е веднаш подготвена за борба.

Овие изјави ја зголемуваат тензијата во регионот и предизвикуваат загриженост меѓу земјите што зависат од слободното користење на Црно Море за транспорт и трговија.

FixCredit
Atensa 300
Escape