ПРВ.мк
Свет

Воздушна паника во Берли, сите летови стопирани - Ова е причината

Воздушна паника во Берли, сите летови стопирани - Ова е причината
Kristal

Воздушниот сообраќај на аеродромот Бранденбург во Берлин беше целосно запрен во петокот вечерта откако во близина на пистата беа забележани неколку неидентификувани дронови, што предизвика вистински хаос во авиосообраќајот.

Според портпаролот на аеродромот, сите полетувања и слетувања биле суспендирани од 20:08 до 21:58 часот по локално време, а повеќе авиони биле пренасочени кон други германски градови. Како мерка за итност, властите ја укинале забраната за ноќни летови, обидувајќи се да ги ублажат последиците и да ги вратат авионите на распоред.

„Претпоставуваме дека опасноста е отстранета, но ситуацијата беше исклучително сериозна“, изјави портпаролот на аеродромот.

Инцидентот започнал нешто по 20 часот, кога сведок пријавил присуство на дрон, по што северната писта веднаш била затворена. Кратко потоа, полициска патрола исто така забележала беспилотно летало, но не успеала да го лоцира. Во потрагата бил вклучен и полициски хеликоптер, а операцијата ја презела и германската Федерална канцеларија за воздухопловство.

Законот во Германија строго забранува употреба на дронови во радиус од 1,5 километри околу аеродромите, поради ризик од судири со авиони. Секое прекршување на ова правило се смета за опасно мешање во цивилното воздухопловство и може да резултира со високи парични или затворски казни.

Инциденти со неидентификувани дронови се појавуваат сѐ почесто низ Европа. Во последниве месеци, аеродроми во Данска, Норвешка и Полска исто така беа принудени привремено да го прекинат сообраќајот. Дури и аеродромот во Минхен на почетокот на октомври двапати беше затворен поради слични случаи, оставајќи илјадници патници заглавени.

Германските власти сѐ уште не утврдиле кој управувал со дроновите кај аеродромот во Берлин и дали станува збор за намерна саботажа или случаен лет – што дополнително ја засилува мистеријата околу овој инцидент.

Escape