ПРВ.мк
Свет

Сенка во Лувр: Кој стои зад кражбата на векот?

Сенка во Лувр: Кој стои зад кражбата на векот?
Kristal

Во Париз е уапсена 38-годишна жена осомничена за учество во големиот грабеж на Лувр, каде минатиот месец беше украден крунски накит вреден 88 милиони евра.

Според француските власти, жената е обвинета за организирана кражба и криминално здружување. Таа била изведена пред судија и со солзи потврдила дека живее во предградието Ла Курнев. Сослушувањето продолжило зад затворени врати по барање на обвинителството.

Осомничената беше уапсена заедно со уште четири лица, а претходно двајца мажи веќе беа обвинети поради делумно признание за нивната улога во грабежот.

Инцидентот се случил на 19 октомври, кога група крадци влегле во галеријата Аполо во Лувр и за само неколку минути избегале со непроценливи парчиња накит. Еден од осомничените, 34-годишен Алжирец, бил идентификуван преку ДНК траги пронајдени на скутер што го користеле при бегството, додека друг бил нелиценциран таксист.

Во хаосот на бегството, крадците ја испуштиле круната од дијаманти и смарагди што ѝ припаѓала на царицата Евгенија, сопругата на Наполеон III. Сепак, исчезнале осум други вредни парчиња, меѓу кои ѓердан што Наполеон I го подарил на својата сопруга Мари-Луиз и тиара украсена со речиси 2.000 дијаманти.

Грабежот го откри слабото обезбедување на музејот и предизвика голем скандал во Франција. Обвинителството не ја исклучува можноста зад кражбата да стои поголема криминална група и потенцијален „мозок“ кој ја организирал целата операција.

Escape