ПРВ.мк
Спорт

Три огромни НБА трансфери се на видик – суперѕвездите можат да ги сменат своите тимови

Три огромни НБА трансфери се на видик – суперѕвездите можат да ги сменат своите тимови
Kristal

Сезоната во НБА е во полн ек, а шпекулациите за трансфери веќе го тресат кошаркарскиот свет. Најдоверливиот новинар за НБА, Шамс Чаранија, откри детали за потенцијални големи промени кои би можеле да се случат до следното лето.

Во разговор за „Флагрант подкаст“, Чаранија зборуваше за неколку суперѕвезди кои можат да го променат својот клуб. Првите што ги спомена беа Јанис Адетокумбо и Тре Јанг, особено фокусирајќи се на иднината на плејмејкерот на Атланта.

„Тре не го обнови својот договор, му останува уште една сезона и ќе стане слободен агент следното лето. Има можност да остане во Атланта, но и пазарот е отворен за него“, објасни Чаранија, нагласувајќи дека интересот за Тре ќе биде голем.

Новинарот исто така ја отвори дилемата околу иднината на Леброн Џејмс и неговото време во Лос Анџелес Лејкерс. „Сè уште не знаеме каде ќе продолжи Леброн. Дали ќе ја заврши кариерата со Лејкерс или ќе се пресели во друг тим, се уште е неизвесно. Моментално сè е во магла, дури ни самиот Леброн нема конечна одлука“, додаде Чаранија за „ESPN“.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape