Голема фудбалска драма го тресе „Сантијаго Бернабеу“ – преговорите за продолжување на договорот помеѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор се прекинати, а сè погласни се шпекулациите дека бразилската ѕвезда може да го напушти клубот во рекорден трансфер.
Винисиус, кој последниве неколку сезони важеше за еден од највлијателните играчи во тимот, изминатава година влезе во форма што далеку одговара на неговите стандарди. Изостанокот на „Златната топка“ и падот во перформансите на теренот го ставија под зголемено сомневање дури и од страна на тренерот Чаби Алонсо.
Иако договорот на Винисиус со Реал истекува дури за две години, клубот веќе не гледа на него како на недопирлив, особено поради тоа што на маса се ставени неверојатни 350 милиони евра од страна на богатите клубови од Саудиска Арабија. Според шпанските и светските медиуми, оваа понуда сериозно ги раздвижила работите во клубот.
Саудиска Арабија, која веќе привлекува големи имиња од светскиот фудбал, е решена да направи нов историски чекор и да го доведе Винисиус во својата лига. Му нудат петгодишен договор вреден вкупно 1 милијарда евра, што е понуда што ретко кој играч би ја одбил – без разлика на славата и амбициите во Европа.
Ако трансферот се реализира, Винисиус ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот, рушејќи го рекордот што веќе осум години го држи Нејмар, кој во 2017 година премина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Од таборот на Реал Мадрид стигнуваат сигнали дека се подготвени да ја прифатат понудата, бидејќи со таа сума би можеле да изградат нова генерација ѕвезди и да инвестираат во повеќе клучни засилувања.
Фудбалската јавност е поделенa – некои сметаат дека станува збор за неприфатлива комерцијализација на спортот, додека други гледаат на ова како логичен потег во време кога арапскиот фудбал сериозно влегува во глобалната игра.