ПРВ.мк

Над 100 љубители на планинскиот велосипедизам го посетија селото Лактиње, Славеј Планина и споменикот на батаљонот Мирче Ацев во општина Дебрца

Над 100 љубители на планинскиот велосипедизам го посетија селото Лактиње, Славеј Планина и споменикот на батаљонот Мирче Ацев во општина Дебрца
Jumbo Banner

Над 100 љубители на планинскиот велосипедизам од целата држава викендов го посетија селото Лактиње, Славеј Планина и споменикот на батаљонот Мирче Ацев во општина Дебрца. Планинската вело тура СЛАВЕЈ ПЛАНИНА МТБ 2025, која се одржа во организација на здружението Рупикапра МТБ ,со поддршка на општина Дебрца,има за цел промоција на природните убавини и потенцијалот за авантуристички туризам на планините Стогово,Славеј Планина,Караорман и Илинска Планина.

,,Се радуваме на големиот интерес за велосипедската тура.Иако пред една недела наврнаа над 30см снег, интересот на велосипедистите од целата држава беше огромен.Идејата за организација на ваков настан изникна од потенцијалот на планините во Дебрца за развој на велосипедски туризам и други авантуристички спортови кои ќе придонесат со престојот во природа да се запознаеме со природните богатства кои ни ги нуди планината и културно историските споменици” вели Душан Шутиноски, претседател на Рупикапра МТБ.

Во поздравниот говор кон учесниците на настанот,градоначалникот Зоран Ногачески се заблагодари и на амбасадата на С.Р Германија кои преку програмата за мали проекти дадоја поддршка на пректот ,,Патеки на откривање” со кој се обележаа шест планински велосипедски патеки,со вкупна должина од 210км ,на планините во општина Дебрца,кој проект го имплементираше здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран