Новак Ѓоковиќ, еден од најуспешните тенисери во историјата, во интервју со Пирс Морган откри што би сакал да му биде напишано на надгробната плоча.
– „Човек кој ги допре срцата на луѓето“, одговори Ѓоковиќ, објаснувајќи дека за него е важно како ќе биде запаметен како личност, а не само по достигнувањата и титулите.
Тој истакна дека големо влијание врз неговата визија за животот имал д-р Џим Лоер, познат спортски психолог:
– „Едно од неговите главни прашања е: Што би сакале да ви биде напишано на надгробната плоча? Тоа е одлично прашање. Те тера да размислуваш како сакате да бидете запаметени.“
Ѓоковиќ призна дека, иако е горд на тениските успеси, особено на 101-та АТП титула што ја освои неодамна во Атина, повеќе сака да биде запаметен по тоа како ги третирал луѓето:
– „Мојот најголем впечаток од првиот погреб на кој сум бил, беше човечката врска, врските што ги остави човекот зад себе и како ги допре срцата на луѓето. Се работеше за тоа кој бил како личност, како се однесувал кон луѓето и како влијаел врз животите на младите и блиските.“
На крајот, Ѓоковиќ заклучи:
– „Токму тоа сакам да бидам запаметен.“
Интервјуто доаѓа кратко по неговата 101-ва АТП титула, која го направи најстариот победник на АТП турнир откако АТП турнејата е воспоставена во 1990 година.















