Марко Арнаутовиќ и официјално станува ново засилување на Црвена ѕвезда, а деталите од договорот го кренаа српскиот фудбал на нозе.
Според информациите на австриски „Скај“, 36-годишниот напаѓач ќе потпише двегодишен договор со српскиот шампион и ќе заработува дури 2,5 милиони евра по сезона – сума што ретко се гледа во регионалниот фудбал.
Арнаутовиќ треба да пристигне во Белград во понеделник, каде ќе биде ставен потписот на договорот и ќе биде претставен пред навивачите.
Австриецот со српско потекло има богата фудбалска кариера зад себе – играше за гиганти како Интер, Вест Хем и Болоња, а настапуваше и во Кина за Шангај СИПГ. Со репрезентацијата на Австрија има 125 настапи и 41 гол, што го прави еден од најискусните напаѓачи во регионот.
Црвена ѕвезда добива големо име, а Арнаутовиќ нов предизвик во кариерата.