ПРВ.мк
Скопје

Скопје конечно ќе заблеска – Ѓорѓиевски откри како ќе изгледа градот за Нова година, ова се деталите!

Скопје конечно ќе заблеска – Ѓорѓиевски откри како ќе изгледа градот за Нова година, ова се деталите!
Kristal

По неколку бледи и безлични зими, Скопје конечно ќе ја врати празничната магија што со години недостасуваше. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека годинава главниот град ќе биде украсен како вистинска европска метропола, а граѓаните ќе уживаат во новогодишна прослава каква одамна немало.

Со ребалансот на буџетот, ќе се издвојат средства за целосно празнично украсување на улиците, плоштадите и јавните простори, како и за организирање прослава за граѓаните.

Последниве години многу скопјани ја бараа празничната атмосфера надвор од земјата – во европските градови со традиционални божикни маркети и светлосни спектакли. Но оваа година, истата таа магија ќе ја почувствуваат дома.

„Со ова, Скопје конечно ќе биде украсено како што треба и како што заслужуваат нашите граѓани“, изјави Ѓорѓиевски во гостување на МРТВ, нагласувајќи дека целта е градот да ја врати својата новогодишна душа и топлина, што одамна ја немал.

Оваа година, Скопје ќе биде местото каде што празничната бајка станува реалност.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK