ПРВ.мк
Скопје

Скопје ќе блесне за Нова година - еве колку одвојува градот за прослава!

Скопје ќе блесне за Нова година - еве колку одвојува градот за прослава!
Kristal

Град Скопје годинава ќе биде украсен за Нова година, а за празничната прослава се одвојуваат 70.000 евра, потврди градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Средствата не беа предвидени во првичниот буџет за 2025 година, поради тоа што поранешната градоначалничка Данела Арсовска не распишала тендери за новогодишно украсување.

На седницата на Советот на Град Скопје, советничката од СДСМ, Кети Штерјова, побара објаснување од каде ќе бидат пренасочени средствата и кој ќе биде изведувачот на работите. Ѓорѓиевски одговори дека точната програма сè уште не е дефинирана, но дека трошокот е рационален и дека прославата ќе биде достојна за граѓаните.

Деталите за концептот на украсување и списокот на изведувачи ќе бидат објавени во наредните денови.

Escape