Во самиот центар на Скопје се случил шокантен инцидент – нападнато е 12-годишно дете, кое било физички нападнато и исечено со остар предмет.
Според информациите од МВР, на 11 ноември 2025 година, околу 20:00 часот, во СВР Скопје се јавил 39-годишниот Г.М. од Скопје, кој пријавил дека истиот ден, околу 15:50 часот, неговиот малолетен син бил нападнат на подрачјето на општина Центар.
Нападот го извршил Б.Љ., кој прво физички го нападнал детето, а потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. Малолетникот бил веднаш пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата интензивно трага по осомничениот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
















