„Чаршија“ е нова хумористична серија инспирирана од животот, ликовите и духот на Старата скопска чаршија. Чаршија е жив организам. „Тука се преплетуваат култури, јазици и генерации – и сите се разбираат“ - вели Сибел Абдиу, креатор и режисер на

серијата. Оваа недела излегува 13-та епизода од 36-те епизоди превдивени за оваа сезона.
Во серијата настапуваат познати актери и актерки, како:
- Борче Начев, во улога на Ристо берберот
- Жаклина Петровска, во улога на покојната сопруга на Ристо
- Ванеса Петровци, во улога на Венера активистката
- Јеткин Сезаир во улога на Омер - песимист и потенцијален гастербајтер
- Дин Ибрахим во улогата Беркан - мајстор за баклава
- Стефан Николовски, во улога на Миладин ковачот
- Беркан Ахмет, во улога на Арџенд златарот
- Рајмонда Ахметај, во улога на Дрита професорката
- Сузан Акбелге, во улога на Севим слаткарката
- Бену Шахин, во улога на Ера инфлуенсерката
- Милена Блажевска, во улогата на Тања - ќерка на берберот Ристо
- Џенап Самет, во улога на Насер слаткарот
- Хамди Рашити, во улога на Куштрим бурекчијата
- Адриан Азири, во улога на Министерот за образование
- Селпин Керим, во улога на Конфучиј – филозофот на чаршијата
- Oja Самет, во улога на Амина
- Гоце Андонов, во улога на чиракот Марко
- Дарја Ризова, во улога на Пејачка
- Александар Михајловски, во улога на Оџа
- Аксел Мехмед, во улога на Поп
- Теона Сима, во улога на туристички водич
Никола Мишковски, во улога на Готвач и многу други.


Форматот е составен од кратки епизоди од 3–5 минути, наменети за дигитални платформи, снимани директно во срцето на Чаршијата во студио изградено во самиот нејзин центар. Преку хумор и човечки приказни, „Чаршија“ ја прикажува мултикултурноста, занаетчиството и урбаните менталитети кои живеат едни покрај други во овој најстар и најавтентичен дел од градот.

Епизодите може да ги гледате на официјалните канали:
https://www.youtube.com/@charshija_mk
https://www.instagram.com/_charshija_/
https://www.tiktok.com/@_charshija_0
https://www.facebook.com/profile.php?id=61577943144371















