ПРВ.мк

Трет дел од акцијата “Заедно средуваме – заедно уредуваме“, отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина

Трет дел од акцијата “Заедно средуваме – заедно уредуваме“, отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина
Jumbo Banner

Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, трет месец по ред, организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа:

Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на стопанскиот двор на ЈКП “Комуналец“ на ул. 16-та бб,

Градежниот шут ќе се одлага во кругот на стопанскиот двор на КЈП “Нискоградба“, на ул. 16-та бб.

Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран