ПРВ.мк

Пожарна Тетово со традиционална акција за чистење на црковните дворови пред Велигден

Пожарна Тетово со традиционална акција за чистење на црковните дворови пред Велигден
Jumbo Banner

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово и годинава ја спроведе традиционалната акција за миење и чистење на дворовите на православните цркви во Тетово и околината.

Во текот на изминатите денови, пожарникарите со специјализирани возила и опрема го чистеа просторот околу храмовите, со цел верниците да го дочекаат празникот во уредена и чиста средина.

Акцијата беше пречекана со благодарност од страна на верниците, кои го поздравија гестот на пожарникарите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран