ПРВ.мк

Битола: Заловени 4 бездомни кучиња – 193 животни досега поминале низ хуман третман во Хачико

Битола: Заловени 4 бездомни кучиња – 193 животни досега поминале низ хуман третман во Хачико
Jumbo Banner

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Битола се заловени четири бездомни кучиња од локациите Паркинг кај Нов пазар, улицата Партизанска (Шик Лавци) и Широк Сокак. Екипите на Прифатилиштето Хачико се секојдневно на терен и постапуваат по пријави од граѓани, главно поради агресивно однесување на кучињата.

Од отворањето на Прифатилиштето Хачико, низ процес на хуман третман и здравствена заштита поминале вкупно 193 бездомни кучиња. Процесот вклучува: заловување, тестирање за Лајшманија, стерилизација или кастрација, вакцинација против беснило, чипирање и дехелминтизација.

По завршувањето на процедурите, кучињата извесен период престојуваат во прифатилиштето со цел да им се овозможи вдомување. Доколку не се вдомат, тие се враќаат на локациите од каде што биле заловени, обележани со ушна маркица.

Од Прифатилиштето апелираат до граѓаните навремено да пријавуваат случаи со цел зголемување на безбедноста и хуман третман на животните.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран