ПРВ.мк
Македонија

Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“

Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“
Kristal

Финансиската полиција започна истрага за сомнителни злоупотреби во јавното претпријатие „Комунална хигиена“, по најавите на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, дека биле исплаќани плати на лица кои воопшто не се појавувале на работа – меѓу кои, според првичните информации, имало и затвореници.

Ѓорѓиевски изјави дека штетата што му е нанесена на претпријатието се проценува на околу 300 милиони евра и дека веќе имал средба со Финансиската полиција за да ја сподели документацијата за сомнителните исплати.

„Покрај тоа што имало луѓе кои добивале плати без да доаѓаат на работа, има и други злоупотреби. Тука треба да има командна одговорност – и за оној што го потпишувал тоа, и за директорот кој го одобрувал,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека истрагата може да води и до повисоки институции, меѓу кои и Град Скопје, додавајќи дека Финансиската полиција ќе ја заврши работата до крај.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го повика градоначалникот доколку има докази да поднесе кривична пријава во МВР или да ги достави документите во Јавното обвинителство. Ѓорѓиевски одговори дека тоа и ќе го направи.

„Ќе поднесам сè што имам. Немам намера никого да штитам, вклучувајќи и себе. Секој што направил прекршок треба да одговара, без разлика на функцијата,“ рече тој.

На обвинувањата реагираше и поранешната градоначалничка Данела Арсовска, која го обвини Ѓорѓиевски дека лаже и го повика да ги објави со име и презиме сите 500 вработени за кои тврди дека не оделе на работа.

„Немам проблем да ги објавам,“ одговори Ѓорѓиевски, додавајќи дека Арсовска треба да разговара со институциите, а не со него преку медиуми.

Истрагата на Финансиската полиција продолжува, а јавноста очекува дали ќе се потврдат сомнежите дека на платниот список на „Комунална хигиена“ навистина имало луѓе кои во тоа време издржувале затворска казна.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK