Нов случај на врсничко насилство ја потресе скопската општина Центар.15-годишна девојка била физички нападната од три малолетнички на возраст од околу 13 години.
Инцидентот се случил на 13.11.2025 околу 10:00 часот, а случајот во полиција го пријавил таткото на девојчето – О.Р. (45), кој бил загрижен за здравјето и безбедноста на својата ќерка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу нападот.
















