ПРВ.мк
Македонија

Во вториот изборен круг – ова се условите за победа и превзимање на општината во следните 4 години

Во вториот изборен круг – ова се условите за победа и превзимање на општината во следните 4 години
Kristal

Денешниот изборен ден за 32 општини и Градот Скопје го носи и финалниот одговор – кој ќе ги води општините во следните четири години. За разлика од првиот круг, во вториот круг нема цензус – победник е кандидатот што ќе освои најголем број гласови, без оглед на излезноста.

Во првиот круг беше потребно да излезе најмалку една третина од запишаните гласачи (33,33%), а победник беше оној што добил над 50% од гласовите плус еден. Сега, изборот е меѓу двајцата кандидати со најмногу гласови, а за градоначалник се смета тој што ќе добие повеќе гласови од противникот.

Доколку и по вториот круг не се изврши избор, според Изборниот законик, Државната изборна комисија (ДИК) во рок од 15 дена ја известува Владата, која потоа назначува повереник што привремено ги извршува надлежностите на градоначалникот, додека не се распишат нови избори.

ДИК ги објавува првичните резултати по електронски пат во рок од 12 часа по завршување на гласањето, а конечните резултати – најдоцна 24 часа по нивната потврда.

Во овој втор круг, право на глас имаат 1.013.375 граѓани, од кои 474.304 избирачи гласаат за градоначалник на Град Скопје.

Гласањето се одвива во 32 општини, меѓу кои се: Скопје, Аеродром, Карпош, Центар, Тетово, Куманово, Пробиштип, Неготино, Крушево, Валандово, Кочани, Дебар, Лозово, Македонски Брод, Конче, Ранковце, Могила, Росоман и други.

Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот, а гласањето се врши тајно, со сино хемиско пенкало зад параваните.

Во општините Центар, Аеродром и Карпош, гласачите добиваат две ливчиња – едно за градоначалник на општината, и едно за градоначалник на Град Скопје.

Во општините каде што во првиот круг не беше постигнат цензус – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово – ќе се распишат нови избори во рок од 60 дена.

Овој втор круг ќе биде клучен за многу општини, а особено за главниот град, каде што трката останува тесна и неизвесна до самиот крај.

Escape