ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски побара стопирање на исплатите од ИПАРД за да се расчисти злоупотребата: „Ќе одговараат сите, од прв до последен“

(ВИДЕО) Мицкоски побара стопирање на исплатите од ИПАРД за да се расчисти злоупотребата: „Ќе одговараат сите, од прв до последен“
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска ја посети фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

На новинарското прашање дали исплатите од ИПАРД се стопирани, Мицкоски истакна дека тоа не е точно и дека позитивната акција на Европската комисија е поздравена.

Тој нагласи дека лично побарал да се стопираат исплатите на средствата од ИПАРД за да се види до каде се протегаат злоупотребите.

„Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Првичните информации покажуваат дека тоа не е нов феномен, туку се случува години наназад. Сè ќе се истражи и секој кој мисли дека ќе помине така, се лаже. Ќе одговараат сите, од прв до последен. Кој сака нека биде“, рече Мицкоски.

Оваа одлука доаѓа во контекст на актуелните проверки и апсења за корупција во руралниот сектор, со цел да се обезбеди транспарентност и одговорност во користењето на европските фондови.

ВИДЕО

FixCredit
Atensa 300
Escape