Во центарот на Скопје вчера попладне се случил шокантен инцидент во кој 12-годишно дете било повредено со остар предмет.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 ноември 2025 година околу 20:00 часот од Г.М. (39) од Скопје, кој пријавил дека околу 15:50 часот во населбата Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од лице со иницијали Б.Љ.
Напаѓачот, според пријавата, по физичкиот напад со остар предмет му нанел расекотина на детето и го оштетил неговиот велосипед.
Повредениот малолетник бил веднаш пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.
















