Командирот на Полициската станица Кочани, кој во моментот на трагичниот пожар бил на чело на станицата и беше меѓу разрешените по настанот, е еден од седумтемина приведени полициски службеници, потврдуваат извори од МВР за ТВ 24.
Сите седум приведени полицајци ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка утре. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва потврди дека се проширува истрагата и дека се опфатени уште седуммина припадници на полицијата.
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека се работи во рамки на предистражна постапка, а од МВР до нив веќе е доставена кривична пријава. Повеќе детали, како што најавуваат, ќе бидат соопштени утре.