Интензивните врнежи од дожд во Тетово предизвикаа големи проблеми со апсорпцијата на атмосферската и фекалната канализација. Најпогодени се урбаните делови на градот, особено под подвозниците и надвозниците, каде што се создадоа големи локви и застои на сообраќајот.
Надлежните екипи на ЦУК се на терен и активно работат на решавање на состојбата, додека граѓаните се повикани на зголемена внимателност при движење низ погодените области.
Според УХМР, врнежите ќе продолжат и локално се очекува невреме со засилен ветер и ретки грмежи, а граѓаните се советуваат да ги избегнуваат ризичните делови од патната инфраструктура.

















