ПРВ.мк
Македонија

Трето судење за „Пулс“: Ќе успее ли конечно одбраната да ги каже воведните зборови?

Трето судење за „Пулс“: Ќе успее ли конечно одбраната да ги каже воведните зборови?
Kristal

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, денес продолжува со третото рочиште. Иако минатата недела требаше да се одржат воведните зборови на одбраната, тоа не беше возможно – адвокатите побараа интегрираниот обвинителен акт да им биде доставен и официјално на обвинетите, а не само на бранителите. Адвокатот Петре Шилегов изјави дека нивна работа не е да ја играат улогата на судски доставувачи.

Поради ова, судијката Диана Груевска Илиевска ги одложи воведните излагања и даде рок од шест дена за судот да ја спроведе целата достава на обвиненијата и до обвинетите. Но со тоа проблемите не завршија.

На минатото рочиште судијката побара оштетените да се изјаснат за своите оштетни побарувања, но постапката повторно заглави – дел од оштетените немаа доставени адреси. Груевска Илиевска побара комплетирана листа со мејлови и најави дека во истиот шестдневен рок ќе бидат испратени известувања до сите оштетени, за да можат да се појават на судење и официјално да се изјаснат.

Иако беше најавена динамика од две рочишта неделно, недостигот од адреси и недоставените обвиненија до обвинетите го принудија судот да го одложи едното рочиште. Поради тоа процесот продолжува денеска, со надеж дека конечно ќе се одржат планираните воведни зборови на одбраната.

За трагедијата во „Пулс“ обвинети се 35 физички и три правни лица, а судењето официјално започна на 19 ноември.

FixCredit
Atensa 300
Escape