Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано на Детското одделение при Клиничка болница-Штип, откако беше констатирано присуство на „бензодијазепами“ во неговиот организам, соопштија од СВР-Штип.
Случајот бил пријавен во 18:18 часот, а детето било донесено во болница од 24-годишната Н.С. од Штип. По извршените медицински испитувања, детето останува на опсервација.
Известен е и Центарот за социјални работи-Штип, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


















