ПРВ.мк
Македонија

Тешка сообраќајка - Овој патен правец е затворен за сообраќај!

Тешка сообраќајка - Овој патен правец е затворен за сообраќај!
Kristal

Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле, Струмица, е во прекин поради тешка сообраќајна незгода.

Состојбата на останатите државни патишта е нормална, со влажни коловози, а сообраќајот надвор од градските средини се одвива со умерен интензитет. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува возачите да ја прилагодат брзината, да го почитуваат поставеното сообраќајно сигнализирање и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони. Особено внимание се советува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Escape