ПРВ.мк
Македонија

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува утре – еве колку обвинети се физички, а колку правни лица!

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува утре – еве колку обвинети се физички, а колку правни лица!
Kristal

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март и во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, ќе почне утре во судницата во затворот „Идризово“.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со јасен план за нивна координација.

„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави минатата недела Коцевски.

Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница било кабарето „Пулс“.

Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.

Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.

Според обвинителниот акт, со години се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира иако не ги исполнувал минималните услови за безбедност. Обвинети се сопствениците на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, поранешни градоначалници, инспектори, обезбедувачи и други државни функционери.

FixCredit
Atensa 300
Escape