ПРВ.мк
Македонија

Сомнение за криминал – вработен службеник во општина под истрага!

Сомнение за криминал – вработен службеник во општина под истрага!
Kristal

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Свети Николе поднесе кривична пријава против П.Ј. (45) од Свети Николе за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според пријавата, П.Ј., кој работел во Секторот за урбанизам на Општина Свети Николе, во периодот 2024–2025 година, при обработка на барања за издавање на одобрение за поставување урбана опрема од еден правен субјект, составил записници со неточни податоци – прикажувал помала површина од реалната која ќе се користела. На тој начин изготвил одобренија за поставување урбана опрема, кои потоа ги доставил до градоначалникот за потпис.

Со склучување на договорите за времено-сезонско користење на јавните површини во периодот од 01.01.2024 до 16.04.2025, буџетот на Општина Свети Николе бил оштетен за 105.504 денари. Случајот е во тек и се преземаат понатамошни мерки за расчистување на злоупотребата.

Escape