46-годишен маж од Росоман заврши зад решетки поради агресивно однесување кон полицајците. Инцидентот се случил вчера околу 15:40 часот во центарот на местото, кога полицијата реагирала на пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
При приведувањето, било утврдено дека лицето имало 3,66 промили алкохол во крвта и одбивало да соработува со полицајците, по што било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

















