Во петокот вечерта, околу 23:05 часот, полициските служби на СВР Скопје интервенирале во скопската општина Аеродром по пријава за истрели од огнено оружје на семејна веселба што се одржувала нешто пред тоа, околу 20:45 часот.
При пристигнувањето на местото, полицијата го затекнала 52-годишниот Е.З. од Скопје како испукува во воздух со огнено оружје. Од него биле одземени гасен пиштол марка „Екол Специјал 99“ со калибар од 9 мм и гасни куршуми. На теренот биле пронајдени и неколку испукани чаури, кои биле подигнати за понатамошна постапка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.