Со цел подигнување на степенот на безбедност за сите учесници во сообраќајот, во Кавадарци започнаа интензивни активности за обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација на една од најфреквентните точки во градот – спојот меѓу „Западен Булевар“ и улицата „8 Септември“.

Оваа активност е насочена кон воведување поголем ред во сообраќајот во Кавадарци и подобра видливост на пешачките премини и сообраќајните ленти, што е од клучна важност за намалување на ризиците од незгоди на оваа фреквентна раскрсница.

Изведувач на градежните работи на терен е Ј.П. „Паркинг Кавадарци“, чии екипи со соодветна механизација работат на брзо и квалитетно обновување на патната сигнализација.
Од локалната самоуправа во Кавадарци апелираат до возачите за зголемена претпазливост, трпение и строго почитување на поставената сообраќајна регулатива додека траат активностите на терен.






